Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по завршување на средбата со премиерот Зоран Заев даде изјава дека се договориле на претседателските избори да одат со заеднички кандидат, а потоа одговараше на новинарски прашања.

-Јас имав средба со претседателот на СДСМ, а не со потпретседателот, кусо на македоски јазик одговори Ахмети по што си замина.