Селма Блер со бастун на Оскарите, но посилна од кога било

од Vladimir Zorba
136 прегледи

И покрај нејзината болест, Селма Блер се појави во полн сјај на Оскарите. Актерката, која беше дијагностицирана со мултиплекс склероза, излезе со прекрасен фустан во црна, розова, зелена и сина боја.

Ѕвездата што дозна за нејзината дијагноза во октомври минатата година присуствувала на наградите не толку затоа што била номинирана, туку за да им покаже на сите дека е посилна од било кога. Иако се движеше со бастун направен специјално за церемонијата, Блер гордо ја крена главата и застана пред камерите. 

“Тоа сè уште ми дава живот. Овој град. Овој фустан. Вечерва “, напишала во Instagram по гламурозниот настан и ја објави својата фотографија од  афтерпартито. 

Многу луѓе кои имаат слични здравствени проблеми како овој на Селма Блер, ѝ честитаа за тоа што собрала сили за јавен настап и истакнаа дека за нив нејзината јавна појава е мотивација да се борат со болката и непријатноста.  

“Ја видов Селма од Оскарите. Таа изгледаше силна, секси, убава и дефинирана како победник. Можам само да ѝ ја замислам болката, нејзината борба, мислите  за тоа како ќе изгледа во оваа ноќ … “, напиша жена со автоимуна болест и истакна дека за неа актерката е голем пример дека човек не треба да се предава заради болеста. 

Подоцна во интервју за ABC актерката вели дека преживеала вистински кошмар додека биде дијагностицирана, но потоа доживеала олеснување, бидејќи конечно знаела што ѝ е. Според неа, по раѓањето на нејзиниот син, таа ги почувствувала симптомите на мултиплекс склероза, но многу лекари едноставно мислеле дека е една од многуте хистерични мајки и не ѝ ги земале поплаките сериозно. 

Селма признава дека добила голема поддршка од нејзиното семејство и нејзиниот колега Мајкл Фокс, кој е дијагностициран со Паркинсон од 1991 година. Најпрво таа не го познавала, но му напишала е-маил затоа што мислела дека ја има истата болест како и неговата. 

Мултиплекс склероза, од која страда холивудската ѕвезда, е хронична инфламаторна болест која влијае на луѓето на возраст меѓу 20 и 50 години. Најчесто кај жените се манифестира на околу 25, додека кај мажите на 30. Еден од најчестите симптоми на болеста е пареза на едниот екстремитет, проследена со замор и вкочанетост на екстремитетите.

https://www.instagram.com/p/BuX1qOSn5VC/?utm_source=ig_embed&utm_medium=loading