Еден од основачите на “Мајкрософт”, Бил Гејтс, ги сподели деталите за неговиот приватен живот во “Реддит”.
За време на сесијата за прашања и одговори, наречена “Прашај ме нешто”, Гејтс одговори на лични прашања на фановите. Претприемачот признал дека во слободното време играл тенис и бриџ. Запрашан што сè уште сака да постигне, Гејтс рече дека сонувал за здрави деца и олеснување на болестите.
Милијардерот, исто така, одговори на прашања во врска со неговата финансиска состојба. Бизнисменот рече дека поседува приватен авион и голема куќа со детска соба со тобогани.
Ко-основачот на “Мајкрософт” ја нарече американската телевизиска серија “Американски вандал” како негово омилено ТВ-шоу. Серијата излезе есента 2017 година.