Дали Ирина Шејк сепак е љубоморна на Лејди Гага?

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Понежната половина на Бредли Купер, Ирина Шејк, повеќе не ја следи Лејди Гага на Instagram. Според “Сан”, убавицата била подалечна со пејачката пред Оскарите.

Како што соопштивме, настапот на Гага и Купер за време на церемонијата на доделување на најпрестижните статуетки собра овации од публиката. Тогаш двајцата се гледаа вљубено и се прегрнаа, а според експертите за јазикот на телото, однесувањето на изведувачката на “Born this way” покажува дека таа не е сосема рамнодушна кон актерот. Иако 33-годишниот модел потоа ги поздрави двајцата од нив, очигледно нејзиното слатко однесување беше само за камерите.

Според извор на весникот, на Шејк ѝ се допаѓа Лејди Гага, но е вознемирена од шпекулациите по Оскарите дека таа излегува со нејзиниот партнер.

Добитничката на “Оскар” во категоријата “Најдобра оригинална песна” се почувствува обврзана да одговори на нападите дека има нешто помеѓу неа и Бредли Купер, со кој игра во “А star was born”. “Ништо не може да е попосебно од тоа да го споделам овој миг од Оскарите со вистински пријател и уметнички гениј”, коментира таа во својот официјален профил на Instagram.

Во меѓувреме, смешен колаж се појави на интернет со Ирина Шејк, Лејди Гага и Бредли Купер.