“Родители, гледајте што вашите деца гледаат на YouTube. Најновиот предизвик, наречен “Момо”, кој може да направи да извршат самоубиство, се појави. ” Ова е дел од текстот што Ким Кардашијан го споделува на Instagram. Риалити ѕвездата, која има три деца и очекува четврто од сурогат мајка, е длабоко загрижена за клиповите што ги гледаат децата на интернет.
Сопругата на Кени Вест споделила дека проверувала видеа на Јутјуб откако ѝ било кажано за тоа што децата можеле да видат на платформата. Таа се загрижила ако нејзините деца веќе дошле до такво нешто.
Претходно оваа недела, други родители предупредија дека застрашувачкото лице на предизвикот во прашање се појавил во средината на видеата што ги гледаат децата на YouTubeKids . Подоцна, платформата за видео споделување објави дека не нудат слични видеа.
“Момо” предизвико станува се повеќе и повеќе популарен. Се испраќа преку WhatsApp или како “pop-up” за време на рекламите на YouTube. Детето може да добие порака од анонимен корисник. Ако го прифати, тој добива многу страшни слики и контактот во прашање му се заканува и го охрабрува да го прекине својот живот.
Самиот Момо изгледа како жена со испакнати очи и ужасна насмевка направена како слика на познат уметник.
