225
Едноставно и вкусно јадење…
СОСТОЈКИ:
400 гр пилешко филе
400 гр тиквички
100 мл масло
50 мл вода
50 мл вино
1 лажичка зачин
сусамово масло
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото исечкајте го на ленти. Тиквичките не лупете ги, туку пресечете ги на половина и исечкајте ги на тенки плочки. Кратко пропечете го исечканото месо. Посолете и извадете.
На истата маснотија кратко пропечете ги тиквичкте, посолете и додајте ѓумбир. Вратете го месото и залијте со вода и вино. Додајте зачин и кратко гответе. На крај додајте сусамово масло.