Почнува продажбата на најевтиниот автомобил на Eлон Маск

од desk2
122 прегледи

Пред неколку дена Eлон Маск на Twitter најави дека во четврток ќе објави нови вести во врска со Teslа и иако многумина очекува да го претстави Model Y, тоа не се случи. Но, затоа шефот на Teslа најави некои драматични промени кои вклучуваат затворање продавници и откази, но тие промени овозможија конечно да го претстават Model 3 со цена од 35.000 долари. Ова е најочекуваниот и најевтин автомобил на Teslа досега.

Досега најниската цена по која можеше да се купи Model 3 беше 42.900 долари, а новиот основен и наејвтин модел ќе може да помине околу 350 км со едно полнење на батеријата и со максимална брзина од 208 км/ч.

Цената се однесува само на црната боја, а сите кои сакаат друга боја на автомобил ќе мора да доплатат дополнително. Исто така, за да ги намалат трошоците, најевтиниот Model 3 доаѓа со стандардни мапи и навигација, основен систем од звучници и седишта кои немаат греење. Овие опции не може да се надоградат при купувањето на автомобилот.

Маск најави и уште една верзија на Model 3 – Standard Range Plus, чија цена ќе биде 37.000 долари, а за тие 2.000 долари плус ќе добијат автомобил со поголем досега за триесетина км и максимална брзина зголемена за 16 км/ч.

При објавата Маск истакна дека за Teslа не постои друг начин за постигнување заштеда и продажба на најевтиниот нивни автомобил освен откази и затворање на продавници. Наместо во продавници кои ќе се затворат, компанијата ќе го продава автомобилот преку Интернет. Не е познато колку продавници ќе се затворат и колку луѓе ќе добијат отказ, а дел од продавниците ќе бидат претворени и во информативни центри и изложбени салони.