СДСМ одлучи: Стево Пендаровски кандидат за претседател

од Марта Пешевска
78 прегледи

Стево Пендаровски е заедничкиот кандидат на СДСМ и  коалициските партнери на претстојните претседателски избори.

Раководството на СДСМ вечерва на состанокот ги разгледала кандидатурите на 24 кандидати кои се пријавиле на огласот што го распиша паријата и зазела дефинитивен став дека Стево Пендаровски е најдобриот кандидат во моментов, иако и другите би биле заслужено избрани.

Пендаровски од почетокот важеше за еден од посериозните кандидати, кој имаше подршка и во партијата и меѓу граѓаните, но и кај албанските партии и странскиот фактор.

Нему му беше украдена победата на претходните избори, на кои со изборни нерегуларности победи Горѓе Иванов

Премиеорт Заев изјави , пред состанокот,  изјави дека има лесен избир и дека секој од кандидатите може да биде добар претседателски кандидат . Во прв план беа Никола Димитров и Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска но Пендаровски сепак изби меѓу фаворитите  и за неколку  мигови ќе им биде соопштен и  на коалициските партнери, а в недела ќе биде поддржан и од конгресот на СДСМ.