Рами Малек може да биде негативецот во новиот филм за Џејмс Бонд

од desk2
183 прегледи

Ако може да им се верува на американските медиуми, тогаш можеме да заклучиме дека Рами Малек ги живее најдобрите години од актерската кариера. Шпекулациите велат дека токму тој ќе биде новиот негативец на најпознатиот британски таен агент, Џејмс Бонд.

Откако освои Оскар, Златен глобус и БАФТА награда за улогата на Фреди Меркјури во филмот „Bohemian Rhapsody“, нова можност за уште поголема слава стои пред Рами Малек.

Младиот актер влегол во потесната конкуренција за избор на нов негативец во 25-от филм за тајниот агент Џејмс Бонд, а холивудските извори велат дека токму тој е фаворитот на сценаристот и режисерот на филмот, Кери Фукунага.

Единствениот проблем на Малек беше снимањето на серијата „Mr. Robot“, поради кое не можеше да го усогласи распоредот за да биде дел од новото продолжение на сагата за агентот 007. Но, откако направи неколку рокади во распоредот, останува само уште да биде потврден како дел од филмот.

Засега не се познати детали околу изгледот и името на ликот кој би го глумел Рами Малек, но се шпекулира дека тој би можел да биде слеп човек што ќе му предизвика големи проблеми на Џејмс Бонд.