Колку е поблиску раѓањето на најновиот член на британското кралско семејство, толку повеќе шпекулации за тоа што каков ќе бидe полот на бебето кружат наоколу. Според изворот на “US Weekly”, кој присуствувал на забавата на Меган Маркел во Њујорк, се очекува момче.
Војвотката од Сасекс го споделила полот со тоа што ги замолила своите пријатели за дискреција. Инаку, според протоколот, таа нема право да знае дали очекува девојче или момче додека не замине да се породи.
Меган и нејзиниот сопруг се вратија на островот по нивната последна официјална посета во странство пред доаѓањето на нивниот наследник. Тие беа во тридневна посета на Мароко. Таму војводата од Сасекс се пошегува за бременоста на неговата сакана, прашувајќи ја дали е од него. Таа се насмевна и рече: “Изненадување!”
Претходно, во друга посета, принцот Хари рече дека се надева оти ќе се роди девојче.
Во меѓувреме, Vanity Fair пишува дека кралицата Елизабета Втора е многу задоволна од настаните на Меган. Таа беше изненадена што војвотката сакала да ги продолжи своите обврски и покрај нејзината напредна бременост.