Почна 23-от конгрес на СДСМ

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Во Скопје почна 23-от Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.

Конгресот беше отворен со обраќање на премиерот и лидер на партијата Зоран Заев.

По обраќањето конгресот ќе биде затворен за јавноста, а повторно ќе биде отворен на крајот кога ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.

Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција исите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

Поддршката беше изразена на средба во петокот вечерта во Скопје по која премиерот Зоран Заев оцени дека ова е историска одлука и дека 31-на политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над партиските интереси.