Кит Флинт, фронтменот на групата „Продиџи“ извршил самоубиство

од desk2
128 прегледи

Пејачот на светски популарниот бенд „Продиџи“, Кит Флинт (49), утрово е пронајден мртов во неговиот дом во Данмоу, Есекс.

На телото немало видливи траги на насилство, велат од полицијата, додека причините за смртта ќе се знаат по обдукцијата.

Смртта ја потврди и неговиот близок пријател и соработник Лиам Хаулет кој објави на Инстаграм.

-Веста е вистинита, не можам да поверувам дека ова го кажувам, но нашиот брат Кит си го одзеде животот за време на викендот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир – напиша Лиам.