Кејт Бекинсејл (45) и Пит Дејвидсон (25) не оставија сомнеж за статусот на врската, откако се појавија заедно за време на хокеарски натпревар во Њујорк на Њујорк Ренџерс против Вашингтон Кепиталс. Двајцата се држеа за раце цело време, а Пит на неколку пати страсно ја бакна 20 години повозрасната сакана.
Шпекулациите за односите се развиваа со недели, но досега тие се воздржаа од јавното прикажување на некоја интимност, така што нивниот однос беше едноставно хипотеза. Покрај тоа, старосната граница меѓу нив беше причина за прашалниците.
До минатиот септември, Пит беше во врска со Ариана Гранде, па дури и го тетовираше своето срце заради нивната љубов. И токму пејачката беше онаа која посочи зошто жените полудуваат по комичари, коментирајќи на Твитер дека тој е доста надарен и машкото достоинство е 10 инчи долго (25.4 cm).
По коментарите кои таа набрзина ги избриша, почнаа упорни гласини дека Дејвидсон е машина во кревет и затоа успева да добие лесно жени, дури речиси двапати постари од него како Кејт, чија ќерка Лили од бракот со Мајкл Шин има 20 години.