Парламентите на Шкотска и Велс формално му се спротивставија на договорот на Брегзит постигнат во разговорите Лондон-ЕУ, објави Ројтерс. За прв пат, двата парламента преземаат сличен чекор во исто време.

И покрај тоа што овие гласови не се обврзувачки, позицијата на Шкотска и Велс ќе ги засили противречностите на Брегзит кои се влошуваат.
Претходно се покажа дека премиерот Тереза Меј дозволува парламентот да гласа за одложување на излегувањето од ЕУ , ако пратениците повторно го отфрлат постигнатиот договор меѓу Лондон и Брисел. Конечното гласање за тоа ќе биде на 12 март.
Потсетуваме дека на 15 јануари парламентот гласаше против договорот Брегзит.