“Ти си најубавата личност што некогаш сум ја запознал. Ти ме натера да се смеам и да го сакам животот повеќе отколку што знаев дека можам. ” Тоа го напиша Џастин Тимберлејк на Instagram по повод роденденот на својата сопруга.
Пејачот објави албум со некои од најубавите слики со Џесика Биел.
Тимберлејк рече дека го цени секој момент поминат со неговата сопруга, која пред три дена наполни 37 години.
Комуникацијата е она што го одржува нашиот однос, и способноста да бидеме искрени еден со друг. Барем тоа функционира со нас, не можам да зборувам за другите, Џесика коментираше за нејзината силна врска со Џастин.
Тие се венчаа во Италија во 2012 година. Три години подоцна се појави нивното дете.