Косовското Собрание денеска ќе расправа за платформата за дијалогот со Србија

од Vlatko K
124 прегледи

Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели вчера информира  дека собраниското Претседателство одлучи вонредната седница за Платформата за дијалогот со Србија да се одржи денеска , со почеток во 9 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Седницата е закажана за во 9 часот на барање на премиерот, изјави изјави Весели, информирајќи дека за 10 часот е предвидено продолжени на редовната собраниска седница.

Платформата за продолжување на преговорите со Србија ја изготви преговарачкиот тим формиран од Собранието, а со кој раководат вицепремиерот и лидер на партијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај и градоначалникот на Приштина и лидер на Социјалдемократската партија (ПСД), Шпенд Ахмети.

Најавувајќи дека Платформата ќе се најде во Парламентот во текот на неделава, Лимај вчера изјави дека очекува таа да биде изгласана од пратениците, со штокако што рече, „Косово ќе има официјален став за дијалогот со Србија“