Романсата меѓу Деми Ловато и Хенри Леви може да дојде до својот крај. Според информациите од Пипл, пејачката и дизајнерот веќе не се заедно.
Во моментов, изведувачката не знае како да го продолжи својот живот и им рекла на своите роднини дека е разочарана затоа што не излегол човекот каков што го запознала.
Ловато и Леви не беа видени заедно неделата по 14 февруари. Таа потоа му го даде својот француски булдог Ози, кого тој го покажа на Instagram и истакна дека ја сака “до месечината и назад”.
Модниот дизајнер е поблизок до изведувачката уште откако таа влезе во болница за да ја излекува нејзината зависност од дрога. Тој беше фотографиран со неа во ноември 2018 година. Потоа, двајцата беа на вечера, а малку подоцна ја потврдија својата врска во Instagram, поставувајќи повеќе интимни слики.
На 25 јануари Деми Ловато направи нова тетоважа – роза, со која забележа шест месеци без алкохол и дрога.
