Во Интервју со психолог Деспина Стојановска за улогата на технологијата во животот на децата, таа вели дека не треба потполно да им се забрани, за да не им се влијае на детето на припадноста на оваа генерација.

-Децата растат во време кога технологијата е во постојан подем и ние возрасните, должни сме да гледаме со почит кон разликите од „нашето време“ и сега. Не сме во можност да ги видиме дострелите кои иднината ќе ги има, па затоа и не можеме со сигурност да кажеме дали треба да се дозволи, да се забрани или делумно да се користи технологијата. Мојот став е да се регулираaт времето и начинот на користење на електронските уреди, но не и да се забранува целосно, бидејќи на тој начин влијаеме на припадноста на детето во оваа сегашност. Можеби е талентирано за компјутери, можеби тоа ќе биде негова професија, тоа е начинот на кој сега се осознава светот и се комуницира со врсниците.
Жално е што сѐ помалку се негуваат непосредните контакти со пријателите, врсничката група, па дури и роднините, а за тоа сме одговорни ние возрасните. Доколку денот на детето е исполнет со активности и добро временски организиран, се намалува ризикот за целосно владеење на негативните последици од користење електронски уреди, а тие се отуѓување на детето од околниот свет, зависничко однесување и заостанување во развојот на физички и емоционален план. Сепак, ние луѓето сме социјални битија и неопходно е да живееме со другите луѓе, вели Стојановска во интервју за „Иновативност“.
Целото интервју ТУКА