Режисер ја прогласи Шер за неталентирана

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Режисерот Питер Богдановиќ уште еднаш јавно се пресмета со легендарната Шер, со која ја снимаше во 1985 година во Маската. Тој беше категоричен пред списанието Vuture дека ѕвездата “не знае да игра” и дека е “неспособна да сними добра сцена”.

Богдановиќ првпат се сретнал со пејачката за време на снимањето на биографската драма, и неколку пати ги критикуваше вештините на актерката и дури ја нападна на лично ниво.

“Таа ја освои наградата за најдобра актерка во Кан бидејќи ја снимав добро. Нејзините очи испуштаат толку многу тага, што всушност е за сожалување, но на екранот добро стои. Снимав повеќе блиски кадри од кој било друг филм што некогаш сум го направил “, рече режисерот.

Пред 2015 година, Петар покажа негативен став за време на самото снимање, па дури и ја нарече “мажомразец”.

И покрај јавните вербални напади ова во никој случај не ја афектира кариерата на Шер и таа продолжи да блеска во светот на шоубизнисот најмногу со својата музичка кариера, па до сега има 26 реализирани успешни албумот.