Основана нова политичка партија „Интегра“

од desk2
256 прегледи

Со програмската платформа и лидерскиот тим на новата конзервативна партија „Интегра“ на македонските граѓани ќе им се понудат нови иновативни решенија за секој горлив проблем на македонското општество.

Имаме иновативни решенија за долгот на државата, за позиционирањето на Македонија во меѓународни односи, решенија во сегментот на правдата…, велат од управниот одбор на новата политичка партија „Интегра“.

Претседателот на партијата Љупчо Ристовски вели дека ќе дејствуваат самостојно, независно од сите, сами ќе го градат нивниот пат, не оставјќи го СДСМ на власт, ниту па имаат намера да го вратат ВМРО-ДПМНЕ на власт.