Роџер Вотерс, поранешен вокалист на Пинк Флојд, деде уште една остра изјава против американската политика. 

Тој го поддржа креаторот на Викиликс , Џулијан Асанж и Челзи Менинг. 

На социјалните мрежи, Вотерс изрази поддршка за Асанж и вети дека ќе работи за негово ослободување. 

Видеото за Џулијан и Челзи беше објавено на неговиот профил на Твитер. 

Потсетуваме  дека австралиецот помина  шест години во еквадорската амбасада  во Лондон за да не биде уапсен и да му се предаде на САД за да му се суди. 

Вграден видеоклип

Roger Waters

@rogerwaters

To Julian and Chelsea.

Watch full video and read transcript here: http://bit.ly/rwjacmv 

Еквадор се обидува да го реши комплицираниот дипломатски случај, па Асанж може  и да го напушти својот “затвор”. 

Менинг, роден како Бредли Менинг и го префрли својот пол  во затвор, а беше осуден на 35 години затвор за откривање на воената разузнавачка информавија , објавена од Викиликс. Во 2017 година, Барак Обама ја помилува по седум години поминати зад решетки.

Таа беше притворена оваа недела откако одби да одговори на прашања од федералниот  голем совет  во Вирџинија.