Јапонија обележува 8 години од силниот земјотрес и цунамито, кој однесе повеќе од 18.000 жртви

од Марта Пешевска
123 прегледи

Со минута молчење, Јапонија ќе ја одбележи 8-годишнината од моќниот земјотрес со јачина од 9 степени на Рихтер и 10-метарскиот цунами што следеше потоа , предизвикувајќи најголема нуклеарна криза во светот по Чернобил.

Катастрофата од 11 март 2011 година однесе над 18.000 жртви. 70.000 луѓе се ‘уште не се вратија во своите домови и живеат во привремени куќи  .

Цунамито погоди и оштети три нуклеарни реактори во Фукушима, кои пуштија огромно количество зрачење во почвата, водата и воздухот. Областа околу нуклеарната електрана сè уште е забранета област, а ефектите од изложеноста на радијација се уште  не се надминати.

Несреќата во Фукушима предизвика широка јавна дебата за мирно користење на нуклеарната енергија – не само во Јапонија, туку и во целиот свет.

Токио, третата по големина економија на планетата, речиси целосно се потпира на своите нуклеарни централи за напојување на домаќинствата и бизнисите со електрична енергија.