Зидан го презема Реал Мадрид денес, тврдат во Шпанија

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Зинедин Зидан ќе се врати како спасител во Реал Мадрид и ќе ја преземе тренерската позиција тренер. Ова ексклузивно го тврди популарната шпанска телевизиска емисија „Jugones“ на „La Sexta“. На „Сантијаго Бернабеу“ одлучиле дека Сантијаго Солари не треба повеќе да ги води „белите“, а вечерва ќе го објават името на францускиот ментор.

Францускиот стратег беше првиот избор на Флорентино Перез. Зизу се повлече од „Бернабеу“ по крајот на минатата сезона, откако под негово раководство, „Лос бланкос“ освоија три последователни финалиња во Лигата на шампионите.
Носителот на „Златната топка“ за 1998 година ги шокираше мадиристите кога ја објавуви својата одлука да си замине, неколку дена по триумфот на Реал во Киев. Зидан тогаш рече дека се чувствува исцрпено и не може да ги мотивира неговите момчиња за поголем успех.

„АС“ пресмета дека љубимецот на навивачите ќе се врати на „Бернабеу“ девет месеци и осум дена по неговото официјално повлекување. После тоа, Мадрид имаше двајца тренери – Хулен Лопетеги и Солари. Аргентинецот веќе се збогувал со сите „Валдебебас“, очекувајќи ја веста за своето разрешување.