За повкусни јадења: Сос за гурмани

од desk2
163 прегледи

Сос со кој ќе ги збогатите јадењата и ќе ги направите повкусни…

СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
2 дл црно вино
1 парче леб
1/2 коцка за супа
1 дл кисела павлака Пекабела
3 лажици масло
малку цимет
сенф
1 лажичка вински оцет
сол
бибер
магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кромидот исечкајте го па издинстајте го на масло, додајте леб исечкан на коцки.
Кога лебот ќе добие румена боја додајте вино и 1 дл вода, додајте коцка за супа и оставете да зоврие, па измешајте зачини.
Почекајте повторно да зоврие, тргнете од оган па оставете малку да се излади. Сѐ измиксајте и добро изладете. Пред сервирање додајте кисела павлака и магдонос.
Добар апетит!

Слични содржини