Вашингтон ја предупреди германската влада дека ќе ја прекине размена на разузнавачки информации со својот европски сојузник, ако Берлин му дозволи  влез на  кинескиот телекомуникациски гигант Huawei Technologies Co. да учествуваат во развојот на својата 5G интернет-инфраструктура, објави Wall Street Journal.

Според информациите, американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, во петокот испратил писмо до германскиот министер за економија, наведувајќи дека размена на разузнавачки податоци би била ограничена .

Амеиканското предупредување  доаѓа во контекст на битката меѓу Huawei и Вашингтон, откако американското Министерство за правда ја обвини кинеската компанија за телекомуникации за наводни прекршувања на санкциите против Иран и кражба на интелектуална сопственост. Судењето ќе започне во март следната година.

Во меѓувреме, писмото испратено до Берлин го означи првото официјално предупредување од сојузниците на САД, откако Вашингтон претпостави дека 5Г опремата на Huawei се користела за шпионирање.