Очигледно, Тристан Томсон не го троши своето време. По повторното мамење на Клои Кардашијан, тој беше пронајден во Њујорк со новa девојка.
Кошаркарот излезе со 28-годишен модел.
Според изворот TMZ, тие се заедно само неколку дена по скандалозната поделба со неговата девојка, која му дари дете.
Информациите од извештајот покажуваат дека Томсон и Рамирез излегле на вечера на крајот од февруари.
Се претпоставува дека убавицата и спортистот сѐ уште не се двојка.
Во 2013 година, моделот излегуваше кратко со Крис Браун, а две години подоцна таа беше со НБА играчот Шејн Ларкин.
Во меѓувреме, се приближува првиот роденден на ќерката на Тристан, Тристиан Клои Кардашијан. Според таблоидите, мајката со скршено срце има намера да го покани таткото на своето дете на забавата и покрај неодобрувањето на нејзините роднини.
