Жерард Батлер остана сосема без покрив над главата откако му го украдоа мобилниот дом, Airstream Silver Sovereign, модел од 1969 година. Караванот бил украден од паркингот пред продавница во долината Сан Фернандо додека тој бил надвор од САД.
На шкотскиот актер во последно време не му оди со куќите. Во ноември, тој доживеа уште една тешка загуба откако неговиот дом во Малибу изгоре во ужасниот шумски пожар.
Холивудскиот ѕвезден караван се проценува на 11.000 долари, а полицијата нема осомничени досега. Извори тврдат дека Жерард всушност живеел во овој караван додека чекал мајсторите да му ја вратат неговата куќа.