На грбот таа има најмалку 20 тетоважи, молитви мапи, пораки…,,Како да е сликовница” коментараат на социјалните мрежи , откако холивудската ѕвезда Анџелина Џоли го откри своето тело.
Американската актерка Анџелина Џоли 943) ги поведе своите четири деца на премиерата на филмот ,,Дамбо” во театарот Ел Капитан во Лос Анџелес. Во фустанот , кој го облекла за на црвениот тепих , покажа импозантна колекција на тетоважи.
На грбот , според американските таблоиди , има најмалку 20 тетоважи . Едната од нив е цитат на американскито драмски писател Тенеси Вилијамс, потоа има и текст од будистичка молитва, како и географски координати од местата каде што се родени нејзините деца.

Трите најголеми тетоважи ги нацртала во 2016. На десната плешка има будистичка мантра , на средината има истетовиран храм , а под него има јантра, енергетски симбол за кој се мисли дека носи среќа. Под нив има бенгалски тигар , кој го истетовирала во 2004 , кога добила државјанство на Камбоџа.

На левата плешка Џоли има посвета на синот Медокс , која ја истетовирала во тајланд во 2003. Џоли заедно со поранешниот сопруг Бред Пит во 2016 си истетовирале симболи со кои се поврзале како маж и жена. Ги тетовирал тајландски свештеник , кој користел иста игла и за Бред и за Анџелина.

Актерката на вратот има тетоважа со напис “Know Your Rights” (наслов на песна од групата Клеш).

Џоли по венчавката со актерот Били Боб Торнтон во 2000 си истетовирала змеј со неговото име на левата надлактица. Но , во 2002 , го отстранила неговото име , а подоцна и целата тетоважа.
Денеска на тоа место има координати од родните места на нејзините деца и датумот на раѓање на нејзиниот поранешен сопруг , Бред Пит.