Ниту една грчка авиокомпанија нема модели на Boeing 737 Max , објавија локалните медиуми.

Шефот на Граѓанската воздухопловна администрација Константинос Линзеракос објави претходно во текот на денот, дека администрацијата ги забранила и двата модела на авионот – Max 8 и Max 9 – да летаат во грчкото национално воздушен простор, во согласност со европската директива , издадена по двете фатални несреќи, поврзани со авиони во Индонезија и Етиопија .

   “Нема грчки авиопревозник кој  има такви авиони” , се вели во соопштението.

Константинос Линзаракос рече дека на сите аеродроми им било наредено да ги оневозможат летовите на овие два типа авиони во воздушниот простор на земјата од вторникот попладне.

  Претставниците на воздухопловството во Кипар во вторникот објавија слични мерки.