Амал и Џорџ Клуни присуствуваа на специјална вечера во организација на Бакингемската палата кај принцот Чарлс. Кралската вечера е организирана од Фондацијата на Принцот Чарлс.
Двојката беше зачудувачка како и секогаш – Амал сјаеше во блескав етеричен бел фустан со голи рамења, а Џорџ Клуни беше во класичен костим со лак вратоврска.
На вечерата присуствуваа и актерите Лук Еванс, Чуетел Ејјоофор, Тамсин Ејертон, Џош Хартнет и Бенедикт Камбербач.
Добротворната организација на принц Чарлс (траст) работи за поддршка на млади луѓе од различни земји – Австралија, Барбадос, Канада, Грција, Индија, Малта и Пакистан.