Лажен туристички аранжман им приреди хорор на две македонски студентки

од desk2
78 прегледи

Две македонски студентки наместо рекалсирачки викенд во Истанбул, доживеале хорор-искуство
Две студентки од Македонија, кои изминатиов викенд решиле да го поминат во Истанбул, наместо релаксирачко тридневно патување, доживеале хорор-искуство, објави „Независен“.

Како што пишува „Независен“, тие платиле по 230 евра од човек за повратна авионска карта Скопје – Истанбул – Скопје и за три ноќевања во хотел во градот. Но, наместо тоа што им биле ветено, добиле авионска карта во само еден правец.

Студентките одлучиле да платат аранжман преку „Одмори се“, бидејќи само тие имале слободни аранжмани за еден од најбукираните викенди во туристичките агенции, празникот 8 Март. Комуникацијата ја воделе со извесен Влатко Трајковски, кој на телефонскиот повик се претставил како вработен во Друштвото за туризам и услуги „Одмори се травел“ ДООЕЛ.