Тешка сообраќајка ноќеска на влезот во Скопје

од Марта Пешевска
132 прегледи

Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска на полноќ на влезот на Скопје во правец кон населбата Ченто поради што беше блокиран  и автопатот, јави новат в.мк.

Како што пишува порталот, трите возила се целосно уништени во сообраќајната несреќа. Од фотографиите може да се види дека возилата се забиле во заштитната ограда на патот. На местото на несреќата се пристигнати две возила на Итната медицинска помош, но нема информација колку луѓе се повредени и дали има загинати.

Претходно, според очевидци, неколку повредени лежеле на патот. Луѓе со мобилни телефони сигнализирале на возилата што доаѓаат за да ги предупредат.