
Експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку неговите адвокати изминатите 4 месеци до Апелацискиот суд во Скопје поднесувал жалби за определниот пртивор во предметите на СЈО. Ова го пишува во седмиот шестмесечен извештај кој го објави специјалното јавно обвинителство.
Во извештајот на СЈО пишува дека Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, преку неговите адвокати се жалел до второстепениот суд дека му е определен притвор во предметите: „Траекторија“, „ТНТ“ „Насилство во Центар“ и „Талир 2“. На Груевски во овие предмети, освен во „Талир 2“, му се суди во отсуство.
„Постапувајќи по изјавената жалба Апелациониот суд Скопје на нејавна седница на ден 15.01.2019 година жалбата на обвинетиот Никола Груевски изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје I Скопје го потврди“, пишува во извештајот за една од одлуките.