799
Нема побрз и поедноставен колач…
СОСТОЈКИ:
2 кесички посен шлаг
250 мл сок или вода
50 гр кикирики
30 гр ореви
30 гр лешници
200 гр посни бисквити
2 лажици шеќер
200 гр чоколадо за готвење
посен маргарин/масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Крупно сомелете кикирики, ореви и лешници.
Разматете шлаг и шеќер со сок или вода. Додајте лешници, ореви и кикирики и измешајте.
Сомелете ги или искршете ги бисквитите и додајте ги во смесата, па измешајте.
Обложете калап со фолија па ставете ја целата смеса во него, израмнете па на врвот наредете бисквити кои малку сте ги натопиле во сок.
Ставете го колачот во замрзнувач на еден час. Направете глазура од чоколадо и маргарин или масло па прелијте преку превртениот колач.