Тој е со ирско-германски корени и е оженет за ѕвездата од најновиот “Томб Рајдер” – убавицата Алиша Викандер. Холивудската ѕвезда Мајкл Фасбендер беше забележана на прошетка со пријателите во Даблин во пресрет на Денот на Свети Патрик.
40-годишниот актер беше во друштво на ѕвездата од хит серијата “Игра на престоли” Лиам Канингам и Дилан МакГрат со кои уживаше на празничната атмосфера во ирската престолнина пред големиот ден.
Неодамна, Мајкл и неговата сопруга Алисија се вратија од романтичен одмор во Мадрид.
Тие официјално ја објавија својата врска на церемонијата на доделувањето на Златен глобус во 2016 година. Година подоцна се венчаа на романтична церемонија во Ибица, на која присуствуваа само најблиските пријатели.