Џастин Бибер и Хејли Болдвин се скараа во парк

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Џастин Бибер и Хејли Болдвин беа уловени од папараците како се расправаат во паркот во близина на плажата Лагуна, каде што моментално се на одмор.

25-годишниот Бибер и неговата 22-годишна сопруга, Хејли, ги покажаа своите разлики во јавноста.

Гласините дека бракот на младата двојка не е баш мед и млеко се зголемуваат.

Според озборувањата, проблемите во односот помеѓу канадскиот пејач и американскиот модел најчесто се поврзани со недостатокот на доверба меѓу нив.

Двајцата се венчаа минатиот септември на граѓанската церемонија во Менхетен. Тие ги одложија своите планови за црковна свадбена церемонија неколку пати со нивните семејства и пријатели.

Самиот Џастин неодамна сподели со своите обожаватели дека се бори со депресија.