
Обвинителството бараше на Јакимовски да му биде одреден затворски притвор, но поради здравствената состојба Судот одлучи тоа да биде куќен притвор.
Според кривичната пријава поднесена од МВР, Јакимовски од позиција на градоначалник им овозможил на три фирми да се стекнат со земјиште кое било во државна сопственост, така што го легализирал земјиштето спротивно на Законот.