Емотивна исповед на Анабела Атијас: „На 20 години ми дијагностицираа канцер, се плашам да не ми се врати!“

од desk2
242 прегледи

Пејачката Анабела Атијас имала само 20 години кога се сретна очи во очи со страшната болест од која многумина не се излечиле, но на голема благодарност на докторите и нејзината желба да оздрави успеа да ја победи борбата со канцерот на дојката.

Тоа ми се случи одамна на само 20 години, се оперирав во Шведска во 1995-та година и ја имав таа среќа при разговор со една пријателка да слушнам за прегледите, односно момографијата. Внимателно ја слушав пријателката која ми говореше дека самоконтролата е многу важна и ете игра на случајност тоа ми остана во глава, а потоа ми беше откриен и ракот. Тој петок се враќав од дискотека и отидов да се туширам, а потоа забележав дека нешто не е во ред, веднаш отидов на лекар, а по три дена ми беше закажана операција, раскажува за српски „Телеграф“ Анабела.