Иако во 2014 година Ема Робертс и Еван Питерс се верија, бракот никогаш не се случи.
Се покажа дека актерите се разделиле, а Ема дури имаше и ново момче – повторно колега.
Според извор од опкружувањето 28-годишната Робертс и 32-годишниот Питерс, кои се партнери во серијата “Злобна семејна историја”, се разделиле неодамна, а нивната одлука да тргнат по одделни патишта била заедничка.
Пред “Us Weekly”, изворот објаснува дека Еван веќе ја надминувал разделбата, а Ема дури почнала нова романса со актерот Герет Хедлонд.
Новите љубовници се видени шетајќи се во Лос Анџелес, разменувајќи ги прегратките и држејќи се за раце.
Всушност, ова не е првата разделба на двајцата. Нивната историја има подеми и падови. Ема Робертс и Еван Петерс се запознаваат во 2012 година на снимањето на комедијата “Свет за возрасни” и уште истата година почнуваат да се гледаат. На Божиќ во 2013 година, двојката ја објави својата свршувачка.
Во јуни 2015 година, Робертс и Петерс објавија дека ја откажале. Во август истата година, актерите ја обновија својата романса. Во мај 2016 година, Ема Робертс и Еван Питерс објавија дека се разделиле. Во ноември истата година беше објавено дека повторно се верени.
Ема Робертс е ќерка на Ерик Робертс, а притоа и внука на холивудската ѕвезда Џулија Робертс.