Со доаѓањето на денот на раѓањето на детето на Принцот Хари и Меган, започнуваат и шпекулациите за тоа како детето ќе се вика. Се уште војводите на Сасекс не се изјасниле дури ни за полот на својот прв наследник, затоа и се смета дека ако е девојка ќе се вика Дијана, а ако е момче – Артур, пренесе Ројтерс.
Исто така, постојат шпекулации за полот и тежината на детето, како и точниот датум и место на раѓање. Нивниот наследник ќе биде седмиот по редоследот за наследството на британскиот престол.
“Дајана е првото од 10-те имиња, тука нема изненадувања”, вели Руперт Адамс – портпарол на букмејкерската канцеларија “Вилијам Хил”. “Но неодамна има претпоставки дека може и да е Викторија, на луѓето им се допаѓа и тоа име.”
Друга можност се Грејс и Алис – имињата за кои се сметаше дека војводите на Кембриџ ќе изберат едно за своето трето дете – принцот Луј, ако тој беше девојче.
Алис е мајка на принцот Филип, мажот на кралицата Елизабета Втора. Во прилог на Артур, Џејмс и Едвард се мажи со најголем број на облози.
Внукот на британската кралица Хари и неговата американска сопруга, кои се венчаа во мај, соопштија во октомври дека на пролет го очекуваат своето прво дете.
Во јануари, Меган рече дека е бремена шест месеци, но не го открила полот на детето. Според Вилијам Хил, повеќето луѓе мислат дека тоа ќе биде женско.
Туристи и минувачи крај Бакингамската палата исто ги искажаа своите преференции: “Се обложувам дека ќе е девојче, ќе се вика Викторија и ќе ја викаме Тори”, изјави Сара Оуенс. “Мери – иако звучи многу старомодно, тоа ги комбинира Меган и Хари”, вели Дани Ма.