Пред Кривичниот суд денеска имаше протест против осудителната пресуда што му беше изречена на Абдулфета Алими, вработен во обезбедувањето на Собранието, а за настаните од 27 април.

Демонстрантите се собраа пред споменикот на Скендербег и маршираа до судот каде скандираа пароли со поддршка за Алими.
На нивните транспаренти пишува: „Ова не е правда“, „Слобода за Фета Алими“ и „Правдата не е пазар“.

И пратеникот Зијадин Села им се приклучи на демонстрантите кои бараат правда за Абдулфета Алими, осуден во случајот „27 април“. До него е и синот на Алими.
Села тврди дека Абдулфета е херој и дека му го спасил животот при насилниот упад во Собранието.