СДСМ не отстапува од ставовите за СЈО, Ахмети пак ја повика опозицијата да соработува

од desk2

Ахмети ја повика опозицијата да соработува, СДСМ не отстапува од своите ставови за СЈО. По двата неуспешни обиди за договор за измените на Законот за Јавното обвинителство, останува нејасно дали до крајот на месецот ќе се обезбеди мнозинство во Собранието, јави 1ТВ.


Лидерот на ДУИ повика на дијалог.
ВМРО-ДПМНЕ не се интересирале за законот туку за амнестија на обвинетите од нивната партија, велат од СДСМ. Тие и натаму му даваат шанса на дијалогот со опозицијата, но нивниот став е непроменлив, бидејќи бил во согласност со препораките на Европската Унија. Доколку сепак не се постигне компромис, велат има и друга алтернатива.
Османи вчера најави дека требало да се работи на две траектории во исто време. Едната во продолжување на обид за консезус , другата пак, комуникација со пратениците, за обезбедување мнозинство.
За опозцијата пак, ваквото решение било сценарио исто како она со кое се обезбедуваа 80 пратеници за уставните измени. Тие се сомневаат дека веќе се прават пазарења со гласови на народните избраници.
Пред два дена, пропадна обидот за усогласување на ставовите околу местото и улогата на СЈО. Она што е јасно е дека на Власта и се брза, а опозицијата не попушта. Во меѓувреме судбината на СЈО мора да се реши што поскоро, бидејќи тоа е еден од клучните услови за добивање на датум за преговори со ЕУ.

Слични содржини