Финален национален натпревар на Европскиот квиз на пари

од Марта Пешевска
129 прегледи

Финалниот национален натпревар на Европскиот квиз на пари во земјава на кој ќе бидат познати двајцата учесници кои ќе ја претставуваат земјата на европското финале во Брисел ќе се одржи денеска во Скопје.

Европскиот квиз на парите првпат се одржува во земјава и има за цел финансиска  едукација на младите. Во националниот натпревар учествуваат околу 3.000 ученици од основните и средни училишта. 

На настанот, најавено е обраќање на заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, претседателот на Македонската банкарска асоцијација Коста Митровски, Ирена Кикерова од Економски факултет,  Анета Крстевска од Народната банка и Зоран Колев од Комисијата за хартии од вредност.