Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одбележува 12 години постоење

од Марта Пешевска
124 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на свечена академија по повод 12 години од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Заев ќе има обраќање на свечената академија, а претходно е предвидена посета на штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот, проф. д-р Блажо Боев и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.