Менди Мур со ѕвезда на Булеварот на славните

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Мeнди Мур доби ѕвезда на Холивудската патека на славните. 34-годишната пејачка и актерка е 2658-тата личност која добила такво признание за нејзината работа.

“Менди, ти си апсолутно богатство. Твојата насмевка го осветлува секое место каде што се појавуваш. Отсекогаш сум знаел дека си била неверојатно талентирана и дека ќе направиш многу. Веќе си  овековечена на Холивудскиот булевар. Твоето достигнување ме натера да се чувствувам многу горд и среќен. Те сакам. ” Ова го изјави актерот Шејн Вест, кој со неа соработувал во романтичната драма “Незаборав”.

На церемонијата присуствуваа сопругот Тајлер Голдсмит, режисерот Адам Шенкман, како и нејзините колеги од серијата “Тоа сме ние” – Џастин Пејпер, Мајли Вентимилја, Стирлинг К. Браун, Џон Хуертас, Криси Мец, Сузан Келечи Вотсон и други. Тие споделија фотографии од алејата во социјалните мрежи.

Менди Мур се сретна со музичарот Тејлор Голдсмит во 2015 година, а во ноември минатата година се омажи за него.  За неа, ова е втор брак.

Бринетата ја започна својата кариера во музиката само на 15-годишна возраст, а потоа започна со нејзините изведби во киното.