Филмот за Хари и Меган ќе биде готов во мај

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Неодамна се зборуваше дека историјата на принцот Хари и Меган Маркел е најдобрата сапунска серијана сите времиња, а веќе Телевизискиот канал Lifetime ги објавува и првите кадри од филмот за животот на двајцата.

Главните улоги се доверени на Тифани Мари Смит, кој ќе влезе во ликот на Маркел и Чарли Филд, кој ќе ги покаже кралските манири на принцот Хари, пишува OK Magazine.

Првично за актерската екипа беа избрани шкотскиот актер Мареј Фрејз и Париз Фиц-Хенли.

Проектот исто така ги вклучува Јордан Вален како принцот Вилијам и Лаура Мичел како Кејт Мидлтон.

Филмот “Хари и Меган: кралска романса” е посветен на првата година од животот на поранешната актерка во кралското семејство и  ќе ги раскажува гласините за односите  и со Кејт Мидлтон. Исто така ќе видиме како Хари и Меган се запознале и како е влијае на нивната врска медиумското внимание.

Премиерата е закажана за 27-ми мај.