Тренерот на РК Вардар, Роберто Гарсија Парондо, пред реванш-дуелот од осминафиналето на Лигата на Шампионите во Скопје, на денешниот прес изјави дека не смееда има опуштање пред саботниот дуел, иако првиот мечзаврши со убедлива победа на „црвено-црните“ со 27-18.

„Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да одиграат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар“, изјави Парондо.
Вардар и ППД Загреб играа меѓусебе два пати сезонава, но во СЕХА лигата. Овој натпревар ќе биде и последна контрола пред заминувањето за Брест каде во вторник и среда треба да се играат мечевите од Ф4 турнирот на регионалното натпреварување
Дуелот е на програма восабота, од 19 и 30 часот во СЦ „Јане Сандански“.