(ФОТО) Шанел најавува промени во трендовите кај очилата за сонце

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Карл Лагерфелд успеа да ја наметне Chanel како една од модните куќи – стожери на индустријата, комбинирајќи ги во себе култните архиви со модернистички бран.

Една од најновите кампањи лично креирана од Кајзер Карл е за очилата за пролет-лето 2019 година.

Кампањата ја претставуваат Виториа Черети и Крис Грикит во студиски снимки, фокусирајќи се на новите трендови на додатоците. Стајлингот е дело на Карин Ројтфелд.

Новите форми претставуваат ретро овални и масивни очила наспроти чисти геометриски форми во класичните модели.

Повеќе модели од високата мода на очилата за сонце може да се видат во нашата галерија.