Скандалозната раперка од Њујорк Карди Би го прокоментира конечно провокативното видео во кое раскажува дека “дрогирала” и “крадела” мажи “, за да преживее”, пренесе Франс прес.
Извадок од видеото на раперката на “Инстаграм” беше широко коментиран неодамна на социјалните мрежи.
Во него се дозна дека Карди кога била стриптизета ки дрогирала и крадела мажите. “Тоа е она што го направив”, вели таа.
“Тогаш јас објаснив што правев во минатото”, рече сега добитничката на Греми наградите.
„ Се работи за добри или лоши работи што ги правев во мојот живот. Тоа беше мојот избор, бидејќи немав многу опции. Дали изборот е добар или лош, морав да го сторам тоа за да преживеам. “