Еден месец пред премиерата на паметниот телефон со дисплеј на преклопување на Samsung –
Galaxy Fold, Xiaomi во кратко видео демонстрираше прототип на свој уред.

Неодамна, исто така, се појавија неколку прилично интересни рендери на идниот модел што
покажуваат како ќе изгледа тој во конечен вид. Сега имаме и краток 10-секунден клип со уредот
што го споделува компанијата во кинеската социјална мрежа Weibo.
Гледаме како екранот се витка на две навнатре, за да се создаде компактен телефон. Исто така,
постои гест за враќање назад кон интерфејсот со лизгање со прст на едната страна, слично на
решението на Huawei.
Нема многу информации за новиот модел, кој, според iGyaan, ќе чини 999 евра и се очекува да биде
објавен во вториот квартал.